14 август е 226-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (227-и во престапна година). Остануваат 139 денови до крајот на годината. Овие настани и личности овој ден го впишале во историјата.
Настани:
1457 година – Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја – „Мајнцишки псалтир“ (на сликата) отпечатена во црвена и црна боја.
1784 година – На островот Кодијак покрај Алјаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Аљаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари.
1893 година – Франција воведува регистрација на моторните возила.
1941 година – Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт .
1945 година – Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна.
1947 година – Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Комонвелтот.
1949 година – Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз.
2009 година – За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ла Манш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот остров од останатиот дел од Европа.
Родени:
1714 година -Клод Вернер — француски сликар.
1740 година – Пиј VII — римски папа.
1777 година – Ханс Кристијан Ерстед — дански физичар.
1867 година – Џон Голсворди — англиски писател и Нобелов лауреат, автор на познатата трилогија „Сага за Форсајтови“.
1868 година – Петар Поп Арсов — македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација.
1876 година – Алекандар Обреновиќ — српски крал.
1912 година – Френк Опенхајмер — американски физичар.
1915 година – Видое Смилевски – Бато — македонски народен херој, истакнат револуционер и општествено-политички работник.
1919 година – Раде Јовчевски – Корчагин — македонски народен херој.
1945 година – Елена Кожухарова — македонска поетеса.
1959 година – Меџик Џонсон — американски кошаркар.
1983 година – Мила Кунис — американски филмска актерка.
1984 година – Џорџо Кјелини — италијански фудбалер .
1986 година – Робин Седерлинг — шведски тенисер.
1987 година – Матео Работини — италијански велосипедист.
1987 година – Јакопо Гварниери — италијански велосипедист.
Починале:
1464 година – Пиј II — римски папа.
1484 година – Сикст IV — римски папа.
1941 година – Пол Сабатје — француски хемичар и добитник на Нобелова награда.
1942 година – Алексеј Троицки — руски шаховски композитор.
1956 година – Бертолт Брехт — германски писател.
1958 година – Фредерик Жолио-Кири — француски физичар и Нобелов лауреат.
1977 година – Александар Лурија — руски невролог и психолог.
1988 година – Енцо Ферари — италијански конструктор на спортски автомобили.
2004 година – Чеслав Милош — полски писател и нобеловец.