Кога пред неколку годии Питер Тиел, коосновачот на Фондот Фаундерс кој инвестира во Фејсбук, рече дека тој и неговите пријатели „сонува за летечки автомобили, а дека наместо тоа добиле 140 карактери“, не бил свесен колку погрешил. Добиле многу повеќе – трка на приватници први да испратат човечка мисија во вселената.
Мотивот за таквата трка не недостасува – освен националната гордост тука е и неодолив профит во, како се проценува, мултимилијардерска индустрија на иднината. Но, ниту еден од тие мотиви не е главен двигател на претприемачите кои се најголемите сили на новото време – милијардери како Џеф Безос (Блу Ориџин), Илон Маск (Спејс екс) и Ричард Бренсон (Вирџин Галактик).
За нив главниот мотив наизглед е од романтична, авантуристичка природа. Сите тие растеле на сериите како „Ѕвездени патеки“ и вљубеници се во вселената. Се надевале дека еден ден ќе полетаат горе, доколку технологија бргу се развие и биле длабоко разочарани кога американската вселенска агенција НАСА престана да испраќа луѓе длабоко во вселената во текот на 70те.
– Но, тогаш изградија доволно пари сами тоа да го сторат, изјави претходно Питер Дијамандис, основач на Фондацијата „Икс прајз“ и компанијата „Планетари рисорсиз“, компании за рударство на астероиди.
Дијамандис уште во 1996 година ја потикна трката во вселената така што објави дека првиот приватник кој ќе испрати ракета во суборбиталната вселена ќе добие 10 милиони долари награда. Таа најголема награда во историјата во 2014 година ја доби компанија „Мохаве аероспејс венчурс“ за своето летало „СпејсШип 1“.
Сега трката мешу милијардерите и нивните компании се води околу тоа кој прв ќе лансира комерцијален лет во вселената и станува се пожешко откако „Спејс екс“ во петок ја лансираше капсулата „Дрегон“ која 27 час аподоцна успешно се спои со Меѓународната вселенска станица. Качвањето на МСС е последен во низата тестови кои капсулата мора да ги мине пред да пристигне одобрение за превоз на луѓе од американската вселена агенција НАСА.
Денес постојат вкупно околу 18 приватни вселенски компании, кои се занимаваат со одредеи аспекти на бизниси, како сателити, изградба на летала и слично, но не се занимаваат сите со испраќање луѓе во космосот. Тука трката се стеснува, а еве кои се петте претприемачи и нивните компании кои се најголеми претенденти да влезат во историјата со првиот забележан комерцијален лет во вселената.
ИЛОН МАСК – „СПЕЈС ЕКС“
Освен што тежнее да ја промени иднината на транспортот на Земјата, извршниот директор на „Спејс екс“ сака да испрати луѓе во орбитата околу Месечината, што би бил прв целосно приватен патнички лет во вселената било кога. Неговата компанија, основана во 2002 година, до сега има развиено две лансирани возила, а од 2012 година „Дрегон“ редовно носи терет до Меѓународната вселенса станица и назад.
НАСА на „Спејс екс“ и на „Боинг“ им даде осум милијарди долари да направат капсули со екижат кои би ги префрлувале астронаутит до МСС и назад на Земјата. „Спејс екс“ досега има забележано повеќе од 100 договори што за лансирање сателити, што за владини мисии вредни околу 12 милијарди долари. Откако ракетата „Фалкон 9“ и „Фалкон хеви“, компанијата работи на нова генерација возила за лансирање кои можат повторно да се користат, а кои ќе бидат најсилни до сега, способни да превезуваат луѓе на Марс и на други места во Сончевиот систем. Маск пред две години најави дека сака да испрати луѓе на Месечината до 2022 година, додека за оваа година се најавени пробните летови.
Исто така, Маск пред година дена во вселената испрати свој автомобил „Тесла роадстер“ кој и натаму е на елиптичната патека околу Сонцето. Црвената „Тесла“ минатиот ноември мина покрај Марс, а се очекува дека ќе мине и покрај Венера и Меркур. Автомобилот моментално е предалеку да се види дури и со пресилен телескоп, но научниците велат дека во 2091 година ќе биде доволни близу Земјата за да може да се види од помагала како телскопот „Pan-STARRS“ телескоп на Хаваи.
РИЧАРД БРЕНСОН – „ВИРЏИН ГАЛАКТИК“
Компанијата на Бренсон раоти на развој на суборбитален туризам. Оперира со повторно употребливиот систем на вселенски летови „Спејсшип 2“ кој се состои од носачите „Вајтнајт 2“ и „Спејсшип 2“, а како што се наведува на сајтот првото патничко вселенско летало во светот кое ќе го направи приватната компанија и кое ќе биде во комерцијална употреба.
„Вирџин“ веќе прима резервации за суборбитални летови, а билетите чинат 200.000 долари. Досега повеќе од 400 луѓе дале депозити за идните летови. Бренсон исто така планира да лансира суборбитални научни мисии и мали сателити.
– Се наоѓаме во зората на златното време на вселенското истражување кое ќе го трансформира нашиот однос со Земјата и космосот, рекол Бренсон, а се наведува на сајтот на компанијата.
ЏЕФ БЕЗОС – „БЛУ ОРИЏИН“
Компанијата на шефот на „Амазон“ и најботиот човек на планетата, развива коцепти и технологија за идите човечки летови во вселената. Меѓу другото, компанијата прави и суборбитално летало кое ќе полетува и слетува вертикално. „Блу ориџин“ се надева дека на туристите ќе им овозможи овзење од 11 минути до работ на вселената и назад веќе оваа година. Цената на билетите не е објавена. Безос неодамна изјави дека сака да создаде нова заедница од суперлуѓе во вселената.
– Во Сончевиот систем има место за милијарда луѓе, а тогаш би имале 1.000 Моцарти и 1.000 Ајнштајни. Помислете колку таквата цивилизација би била неверојатна и динамична, рекол тој.
Безос, чие богатство се проценува на 120 милијарди евра, рекол дека првиот чекор кон тоа е изградба на евтино лансирно возило за повеќекратна употреба и истакнува дека „Блу ориџин“ е е фокусирана на тоа.
РОБЕРТ БИГЕЛОУ – „БИГЕЛОУ АЕРОСПЕЈС“
Долгорочна цел на компанијата е човечките вселенски летови да ги претвори во бизнис и тоа со намалување на трошоците и поставување станици во ниската орбита кои се отворени за комерцијалниот сектор. Бигелоу е сопственик на ланецот хотели „Баџет сјутс оф Америка“, а компанијата „Бигелоу аероспејс“ ја има основано во 1999 година. Тој планира да потроши околу 500 милиони долари за изградба на првата комерцијална вселенска станица, што е количество кое НАСА го троши само на една емисија на спејс шатл.
Компанијта досега лансирала два експериментални модили, „Џенезис 1 и 2“, а план е во орбитата да се постават хотели, истражувачки лаборатории, па дури и фабрики. Бигелоу во мај 2017 година рекол дека е уверен дека вонземјаните досега ја посетувале Земјате, а во октомври истата година најави дека ќе изгради вселенски хотел на дување и ќе го стави во орбитата до 2022 година. Се проценува дека тоа ќе го чини 2,3 милијарди долари.
ЕРЕН ОЗМЕН – „СИЕРА НЕВАДА КОРП.“
Производите на компанијата на американската милијардерка со турско потекло Ерен Озмен се раниграат од стартери кои ги покренуваат роверите на Марс и микросателити, до хибридни ракетни технологии за првите комерцијални летови во вселената. Озмен, како што се наведува на сајтот на компанијата, е фокусирана на тоа да допринесе кон новата генерација американски претприемачи со слични сништа и аспирации.
Ерен кон „Сиера Невада“ се придружила во 1988 година, откако дипломирала на Универзитетот Невада. НАСА во нејзиното летало „Дрим чејсер“ е избрана за превоз на товар до ММС. Компанијата „Сиера Невада Корп.“ која е во сопственост на Ерен и нејзиниот сопруг Фатих, е наречена една од 10 најиновативни компании во вселената.
ДРЖАВИ ВО ВСЕЛЕНАТА
Освен приватните претприемачи, традиционалните натпреварувачи во трката во вселената се и државите. Меѓутоа, сега тоа веќе не се само САД и Русија. Кина во 2003 година стана третата земја која испрати човек во орбитата, а Индија планира истото да го стори во 2022 година. Но, сите прогнози се дека приватниот сектор ќе доведе до револуција во вселенските патувања.