Овие локации во Куманово денеска без вода

Сподели со своите пријатели

Без вода денеска ќе бидат пет локации во Куманово, поради дефекти во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Никола Тесла“, „ЈНА“, „Ленинова“, улицата „Ѓорче Петров“ односно делот Магаза, и улицата „1“ во населбата Долно Којнаре.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Leave a Reply