Овие хороскопски знаци никогаш не кажуваат „ТЕ САКАМ”

Сподели со своите пријатели

„Те сакам”. Едноставна и кратка реченица, но толку моќна. Не можеме сите лесно да го изговориме, но сите сакаме да го слушнеме.

Loading...

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да ја изговорат оваа реченица преку усни и кога се „принудени“ да ја кажат, често тоа не се случува затоа што се чувствуваат така туку затоа што тоа се очекува од нив.

БЛИЗНАЦИ

На овој знак му треба многу време за да се препушти на нова врска, а особено отворено и невоздржано да ги изрази своите чувства. Тие се многу љубопитни и често се препуштаат на размислување дали има некој подобар за нив и затоа им е потешко да влезат во сериозни врски.

Близнаците велат „те сакам“ дури кога ќе сфатат колку всушност им значи таа личност и дека се целосно посветени на нив.

 

 

Loading...

ДЕВИЦА

Припадниците на овој знак носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучително и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства.

Доколку почувствуваат дека нешто не е во ред во љубовната врска, ќе се воздржат од изјавување љубов додека сè не биде како што мислат дека треба да биде.

СКОРПИЈА

Скорпијата не сакаат промени и претпочитани долги врски. За нив правило е да останат со партнерот и во добро и во лошо.

Сепак, иако се посветени на љубовна врска од самиот почеток, тие ќе кажат „те сакам“ само кога се 100 проценти сигурни дека врската е сериозна и цврста затоа што не сакаат да покажат ранливост или да бидат повредени пред време.

 

Loading...

 

ВОДОЛИЈА

На припадниците на овој знак им треба многу простор и слобода во врската. Често преферираат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов бидејќи мислат дека така ќе се создадат обврски на кои не се подготвени.

Тие се подготвени да ја жртвуваат својата слобода само за личноста која ќе им дозволи да бидат тоа што се. Дури тогаш целосно емотивно се отвораат, целосно се предаваат на врската и велат „те сакам“.