Овие градови до крајот на векот веројатно ќе бидат избришани од мапата на светот!

Сподели со своите пријатели

Светскиот економски форум (СЕФ) издвои шест градови кои би можеле целосно да бидат поплавени до крајот на 21 век.

Loading...

Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени е закана за градовите ширум светот.

Според Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени (INPCC), Бангкок е најзагрозен, кој тоне два сантиметри годишно.

 

 

На главниот град на Тајланд му се закануваат екстремни поплави и бури. До половина од овој век, 30 отсто од површината на Бангкок би можела да биде под вода, проценува Светска банка.

Њу Орлеанс е под нивото на морето. За време на ураганот Катрина во 2005 година, тој беше целосно уништен. Тогаш загинаа речиси 2.000 луѓе.

Loading...

Венеција тоне и се наведнува на исток. Овој италијански град е изграден на 120 острови кои се малку над морското ниво. Градот се наоѓа на дрвени столбови.

 

 

Ирачка Басра има мрежа од водни канали, кои сега се полни со ѓубре. Ова го зголеми ризикот од поплави.

Индиската Калкута, која има 14 милиони жители, често е зафатена од монсунски дождови. Има еден од најстарите системи за одводнување во оваа држава.

Секоја година во американскиот град Савана се случуваат поплави. Во последните 20 години го погодија 28 урагани. Во многу делови од градот, постојните средства за заштита од поплави се недоволни.