Од пропаднати метрополи, до гратчиња од само педесетина жители, сите тие сакаат било кој да дојде да живее.
Ако сакате да го промените ритамот и ви досадила монотонијата на вашиот град, зошто не се преселите. Секако, преселувањето е стресно и скапо, но има и такви места кои дури и ќе ви платат да се доселите кај нив.
Алјаска

Ако сакате темни зими и многу голо тло, преселете се на прекрасната Алјаска. Поради климата и оддалеченоста, таа со задоволство ги поттикнува граѓаните да се доселат. Секој жител на Алјаска добива 2000 долари само затоа што живее таму. Дури и новороденчињата ја добиваат таа сума на пари. Затоа, ако ви се допаѓаат планините, ледниците, рибарството и лета кои не надминуваат 18 степени Целзиусови, размислете за живот на северот.
Балтимор
Уште еден град кој има проблеми со криминалот е Балтимор. Прогласен е за седмиот најопасен град во САД, а станал славен и по бруталната серија Жица. На потенцијалните доселеници им нудат 5 000 долари за купување на недвижнини, а ако сакате да купите напуштена куќа, било каде во градот, нудат 10 000 долари.
Детроит
Сите веќе знаат дека Детроит е град на духовите, барем ако сте погледнале било кој спот за песната на Еминем. Лајв Даунтоун е програм кој им овозможува на луѓето да купуваат недвижнини во центарот на градот. Ако купувате недвижнина, ќе добиете 20 000 долари заем кој под одредени услови, нема да мора да го враќате. Дури и закупците добиваат некои олеснувања, па така добиваат 2000 долари за првата година под наем и по 1 000 за секоја следна.
Канзас
https://youtu.be/uKujuS6FtlU

