Петнаесет најбогати американски семејства заедно имаат богатство од дури 618 милијарди долари, се наведува во најновиот извештај на американскиот Институт за политички студии.
– Богатството на секое од тие семејства потекнува од компании кои всушност ги основале претходни генерации, нивните родители и натамошни предци, се оценува во извештајот, кој прикажува како богатството минувало од генерација на генерација без прекини.
Утврдено е дека просечно американско семејство има богатство од нешто над 80.000 долари, додека 15 најбобати семејства, кои се рангирани во рамките на листата 400 најбогати ан Форбс, поседуваат богатство од дури 618 милијарди долари.
Од 1982 година, вкупното богатство на трите најбогати семејства Валтон, Кочс и Марсес се зголемило за 5,868 проценти, достигнувајќи 348,7 милијарди долари, пишува Бизнис инсајдер.
Најбогатата династија во САД е семејството Валтон,чие богатство достигнало цифра од 169,7 милијарди долари.
Сопственици се на најголемиот трговски ланец во светот „Валмарт“ кој во 1962 година го основа Сем и Бад Валтон. Со продажба годишно остваруваат околу 500 милијарди долари, а според богатството, тоа се дели на седум членови на семејството, Алис Валтон со 44,9 милијарди долари, која воедно е најбогатата жена во светот.
Второто најбогато семејство е нафтеното семејство Коч кое успеале да изградат империја од 107 милијарди долари. Браќата Чарлс и Давид ја развиле рафинериската компанија на својот татко до конгломерат кој годишно остварува 100 милијарди долари приходи.
На третото место според богатството е семејството Марс, со „чоколадно“ царство вредно 72 милијарди долари, а на петото е Каргил МекМилан, со традиција во агробизнисот од 1865 година, кое им донело богатство вредно 38,8 милијарди долари.
Следуваат Едвард Џонсон со 38,7 милијарди, на шестото место се Кокс со 37,2 милијарди, на седмото е семејството Притзкер со 26,6 милијарди, на осмото Данкан со 24,8 милијарди, а потоа Лаудер со 22,3 и семејството С.Ц. Џонсон со 18,2 милијарди долари.
На 11 место е семејството Зифс богато 14,4 милијарди, на 12 Бас со 13,3 милијарди, потоа следува Голдман со 13,2 милијарди, семејството Страјкер со 11,1 милијарди и Кети со 11 милијарди долари.