Песната „Деспасито“, која зтана голбален хит, повеќе не смее да се емитува во Малезија.
Тамошните власти забранија емитување на оваапесна на родиот и телевизија по критиките во оваа претежно муслиманска земја дека стиховите на песната се премногу вулгарни.
Забраната на државната телевизија ја објавил министерот за комуникации и мултимедии Салех Саид Керуак, но дозволено е песната и натаму да се емитува на приватните радио станици и интернет платформи.
Оваа одлука се однесува само на државната телевизија, останатите телвизии и радио станици нека се водат по сопствените проценки – додал министерот.