Оваа земја успеа да вакцинира 90% од возрасното население, бројот на новозаболени намален, на ред се децата постари од 12 години

Сподели со своите пријатели

Девет од десет возрасни лица во Република Ирска се целосно вакцинирани, објави ирската здравствена служба.

Loading...

До вчера, повеќе од 7 милиони возрасни лица беа вакцинирани во Ирска, пренесува Би -Би -Си.

Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, рече дека достигнувањето на 90% од вакцинираната возрасна популација и примањето на 7 милиони вакцини се „две големи пресвртници“.

Вакцинацијата продолжува, а сега на ред се децата на возраст од 12 години и повеќе.

Во петокот, извршниот директор на Ирската здравствена служба (ХСЕ), Пол Рид, рече дека бројот на хоспитализирани се намалува во таа земја.

 

 

Loading...

 

Рид напиша на социјалната мрежа Твитер дека, иако бројот на позитиви на короната е намален, нивото на инфекција во училиштата е високо.

Во моментов во Ирска се хоспитализирани 329 лица со болеста, од кои 54 се на интензивна нега.

Ирската влада изготви план за укинување на речиси сите преостанати епидемиолошки мерки до 22 октомври.

Националниот советодавен комитет за имунизација (НИАК) препорача вакцинација од трета доза за лица над 80 и над 65 години кои живеат во старечки домови.