Оваа оптичка илузија може да утврди колку години имате (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Како го доживуваме светот околу себе, во добар дел е производ на нашите години, а како доказ за наведеното, ќе послужи и фотографија која претставува оптичка илузија.
Екпертите се сомневаат дека лицата во целина можат да бидат подложни на делување на несвесното, со мозокот кој се ослонува на двете – неутрални процеси и социјални фактори во препознавањето на другите.
Користејќи оптичка илузија од 1915. година „Мојата жена и тешта“, новите студии илустрираат како годините диктираат што ќе видиме во одредени фигури. Додека младите обично гледаат жена во 20те години, повозрасните гледаат старица од околу 60 години.
– Иако препознавањето на лицето е одредено со низок степен на механизам на неутрална детекција, исто така е исполнето навидум со случајно висок степен на социјален процес, се објаснува во студијата на списанието „Сајентифик репортс“.
За да заклучат како социјалните фактори, како што се исти години во внатрешност на една група, влијаат на препознавањето лица, истражувачите спровеле испитување на 666 испитаници на возраст преку 18 години. На сите накратко им била прикажана оптичка илузија – фотографија која била набљудувана од одреден агол и претставува млада жена со лице свртено од набљудувачот, или профил на старица во бунда.
По погледот од 600 милисекунди, испитаниците добиле безброј прашња, по што требало да се одлучат за староста на лицето од фотографијата.
– Резултатите покажале дека испитаниците оваа женска личност ја гледаат како лице кое ги рефлектира нивните сопствени години. Тоа укажува на социјалните групи кои влијаат на нашето препознавање на лицата, иако ние то не го забележуваме, наведуваат истражувачите.