Кучињата од расата померанец се познати по нивното меко крзно, но кога ќе се навлажни, тоа е сосема друга приказна. Најдобар доказ е видеото на одгледувачот на кучиња Милда Улпите од Литванија, која снимила колку се менува изгледот на кученцето после туширање.
Loading...
Таа го снимила кученцето пред и по туширањето и јасно ставила до знаење дека е целосно непрепознатливо. Видеото е прегледано преку 30 милиони пати и собра повеќе од шест милиони лајкови.
„Изгледа дека е истечен рокот на употреба“, „Така изгледам без трепки“, „Дали сте сигурни дека тоа е истото куче“, се пошегуваа луѓето.
@milda.ulpyte wet hair don’t care 😂❤️💦 #puppy #dog #cutness #pomeranian #fyp