Седумгодишниот хаски Нанук помогнал во спасувањето на повредена девојка на Аљаска. Кучето и помогнало да се врати на пешачката патека, а со неа минал цела ноќ, откако претходно и помогнал да се извлече од ледена вода.
Нанук ја пронашол повредената студентка Амелија Милинг од Тенеси, откако таа се лизнала на снежната падина и удрила во камен, наведува АП.
Loading...
Кучето се доближило и помогнало таа да се врати на пешачката патека. Со неа минал цела вечер, а кога следниот ден таа паднала во реката Игл, тој и помогнал да се извлече од ледената вода.
– Се лизнала и паднала, кучето успеало да ја спаси и ја довлекло до брегот, објаснил поручник Ерик Олсен од полицијата.
Девојката, откако била спасена, го активирала локаторот и така ја пронашол полицискиот хеликоптер. Таа заедно со Нанук е превезена во Енкориџ, каде е примена во болница поради полесни повреди и набргу е пуштена.
– Верувам дека тоа куче е ангел чувар, рекла 21-годишната студентка.
Полицајците велат дека Нанук веќе со години прави такви работи и дека сам шета по пешачките патеки и прави друштво на планинари кои ќе го сретнат. Интересно е што воопшто не е трениран да биде спасувач.
– Се прави сам. Ова е втор пат да спаси некого од двање, рекол неговиот сопственик Скот Свифт, кој кучето го вдомил пред шест години.