Оваа група на мажи вирусите почесто ги напаѓаат: Полесно се разболуваат, а еве и зошто!

Сподели со своите пријатели

Неочекуваното откритие ќе ги зачуди „трендовските“ припадници на посилниот пол.

Некои истражувања сугерираат дека мажите со мустаќи и брада се изложени на поголем ризик од вирусни инфекции.

 

 

Дали е тоа навистина точно? Дали „влакната на лицето“ се соодветно поле за размножување за бактерии и вируси?

– Секоја „вегетација“ на главата или лицето е филтер кој апсорбира вируси и микроби. Влагата и топлината што ги загрева мустаќите и брадата при вдишување создаваат идеални услови за нивно размножување. Затоа мажите кои се грижат за своите мустаќи и брада не само што имаат поголем ризик да се разболат, туку и да заразат други, бидејќи вирусите и инфекциите што живеат во нивните влакна може да се пренесат со бакнување, гушкање и близок контакт – објасни специјалист по оториноларингологија Наталија Калинина.

 

 

Лекарот исто така вели дека ако мажите со бради и мустаќи не се подготвени да се откажат од овој „украс“, тогаш е потребно во сезоната на грип и респираторни инфекции, која трае од есен до доцна пролет, да водат поголема грижа за хигиената.

Ова значи дека тие треба ги мијат брадите и мустаќите секој ден, по можност со појак шампон, и би било идеално по секој престој на јавно место.

 

Leave a Reply