Туркменистан им забрани на медиумите да го користат зборот „коронавирус“, според „Репортери без граници“ (РСФ), меѓународна организација за слобода на медиуми.
Коронавирус е отстранет и од здравствените брошури дистрибуирани во училиштата, болниците и работните места, се вели во соопштението синоќа.
Научниците пресметаа кога ќе престане ширењето на коронавирусот во Италија
Туркменистан, богата земја од Централна Азија, досега нема пријавено случаи на инфекција со коронавирус, а граничини со Иран каде има над 44.000 заразени.
Новинари без граници, чие седиште е во Париз, велат дека се случува цивилната полиција да апси луѓе што носат маски или разговараат за коронавирусот.
Туркменистан, кој се наоѓа на последното место во Индекс на светска слобода на медиумите за 2019 година, а една е од најзатворените држави во светот, пренесува АП.
Филм за борбата против коронавирусот со милиони прегледи, а еве зошто треба да го погледнете
Земјата е управувана од претседателот Гурбангули Бердимухамедов од 2006 година, со сеопфатен култ на личност во кој тој се претставува како „аркадак“ или заштитник.