Уругвај во јули ќе стане прва земја каде марихуаната ќе може слободно да се купува во аптеките.
Купувачите ќе мораат да се запишат во националниот регистар, а цената на еден грам марихуана ќе биде 1,5 долари.
Марихуаната во аптеките ќе можат да ја купат само уругвајски државјани и тоа, максимално 40 грама месечно, а нејзиното одгледување ќе биде под контрола на државните тела.
Оваа јужноамериканска држава пред четири години усвои контроверзен закон со кој се дозволуваат три начини на пристап на канабисот, одгледување дома за лична употреба, садење во задруга и купување на марихуаната која ја произведуваат приватните фирми.