Американскиот магазин „Форбс“ втора година по ред ја прогласи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за најмоќна жена во светот.
Урсула фон дер Лајен е првата жена претседателка на Европската комисија, која е одговорна за законите кои влијаат на повеќе од 450 милиони Европејци.
На чело на таа институција е од 2019 година, пишува Форбс.
Таа се најде зад претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на САД, Камала Харис и италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Introducing The World’s Most Powerful Women
SEE LIST: https://t.co/9DXK8szcoC#PowerWomen pic.twitter.com/V7120rpbDA
— Forbes (@Forbes) December 5, 2023
Американската пејачка Тејлор Свифт е на петтото место на листата на Форбс за најмоќни жени во светот, додека Бијонсе е на 36, а Ријана на 76 место.
Интересно е што првите четири жени на листата на најмоќни се од сферата на политиката, додека на петтото место е Тејлор Свифт од областа на забавата.
Меѓу првите десет на листата се најде и Мелинда Гејтс, која е копретседател на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.
Познатата ТВ водителка Опра Винфри го зазеде 31-то место на оваа листа.
Стотото место на листата годинава и припадна на Барби. Таа функција традиционално се доделува на оној кој ја одбележа годината зад нас.