Ова се најромантичните филмови што треба да ги погледнете со вашиот партнер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ви пренесуваме листа на некои од најубавите филмови со романтична тема.

Loading...

Ќе ве соборat од нозе и ќе ве натераat да верувате во љубовни моменти од бајките.

Всушност љубов

Дејството на оваа британска романтична комедија е сместено во Лондон. „Всушност љубов“ ги следи животите на осум сосема различни парови чии љубовни приказни се испреплетуваат.

Еден од ликовите е Џејми (Колин Фирт), писател кој се подготвува за свадбата на Џулиета и Питер.

Девојката на Џејми решила да ја пропушти венчавката бидејќи била болна, но кога Џејми се вратил дома, сфатил дека таа всушност го изневерува со неговиот брат.

После тоа, Џејми се повлекува во едно француско село за да се посвети на пишувањето.

 

Loading...

 

Казабланка

Романтична драма наградена со 3 Оскари чиј заплет е сместен во првите денови од Втората светска војна.

Рик е навреден, циничен американски имигрант кој живее во Казабланка. Причината за неговата огорченост, поранешната љубовница Лиза Лунд, која пристигнува во Казабланка со нејзиниот сопруг Виктор Ласло, бегалец и водач на Чешкото движење на отпорот баран од нацистите, повторно влегува во неговиот живот.

 

 

Loading...

Продавница за соништа

Роб е момче во триесеттите години, сопственик на продавница со стари плочи што едвај преживува.

Покрај тоа, неговата девојка Лаура го оставила и тоа го натерало да се запраша зошто од секоја врска излегува напуштен.

Во потрага по одговор, тој одлучува да ја посети бившата и да истражи што не е во ред со нивната врска.

 

 

Одење по работ

Loading...

Американскиот биографски филм го следи животот на легендарниот американски кантри пејач Џони Кеш, од неговата рана младост, која ја поминал на фарма за памук во Арканзас, до денот на неговата најголема слава.

На една од првите турнеи ја запознава убавата и веќе позната Џун Кард која ќе стане љубовта на неговиот живот.

 

 

Не може подобро

Loading...

Мелвин е мрзлив и циничен маж кој не сака никого и кој живее од пишување романтични романи за жени.

Вистина е дека Мелвин е осамена, неприлагодена личност со меко срце. Келнерката Керол ќе го почувствува ова откако Мелвин ќе и помогне да се грижи за својот болен син.

Наскоро избиваат љубовни искри меѓу Керол и Мелвин.