Ова се најбезбедните земји во светот: Еве како е рангирана Македонија!

Сподели со своите пријатели

Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни.

Loading...

Ова се податоците на безбедносните специјалисти на компанијата International SOS and Control risk, која се грижи за медицинска и безбедносна помош.

Земјите означени со темно црвена боја на нивната интерактивна мапа се оценети како најлоши, додека оние означени со зелено се најбезбедни.

Во регионот Словенија е прогласена за најбезбедна, а Косово е најнебезбедно. Сите земји околу нас се означени со низок ризик, а Косово како земја со среден ризик.

 

 

Македонија, како и Србија, Бугарија, Грција, Албанија се оценети како земја со низок ризик.

Loading...

Кога станува збор за медицинскиот ризик, оценките се исти.

Рестрикциите за патување сепак се различни од држава во држава, а Македонија, Србија и Косово се означени како земји со ниска ограниченост за патување, додека Албанија како земја со многу ниски рестрикции.