Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на неговата земја одбиваат напади во регионот Донбас во источна Украина, како и во други делови на земјата. Спротивно на тоа, Русија вели дека наишла на мал отпор.
Украинската војска соопшти дека убила околу 50 руски „окупатори“ и соборила најмалку шест руски авиони, иако тоа не е потврдено.
Според извештаите од теренот, руските напади се вршат од повеќе правци – од Русија, Белорусија и Крим.
Што тврди руската армија?
Руската армија објави соопштение во кое изнесе различни тврдења за природата на инвазијата и оправдувањата за истата.
Тој го повторува тврдењето дека нападот врз Украина бил извршен со цел да се заштитат сепаратистичките области во Донбас, кои се поддржани од Русија, а за кои Русија рече дека биле нападнати од украинската армија.
Експертите велат дека ова е речиси сигурно неточно, а западните влади со недели предупредуваат дека Русија создава изговор за оправдување на инвазијата.
Русија, исто така, вели дека нејзините напади се со „висока прецизност“ и целат само воена инфраструктура. Но, се појавија извештаи дека повеќе од 30 украински цивили се убиени, вклучително и најмалку осумнаесет луѓе во близина на пристаништето Одеса во ракетен напад.
Руската војска, исто така, вели дека украинските вооружени сили масовно бегаат, напуштајќи го оружјето и позициите. Украина, од друга страна, вели дека убила околу 50 руски „окупатори“ и соборила руски авиони – иако тоа не може да се потврди. Владата понуди и оружје на секој што го сака.