Ова се финалистите за Европски автомобил на годината

Сподели со своите пријатели

Од листата на 39 номинирани новитети, избрани се седум финалисти, од кои еден ќе се закити со ласкавата титула Европски автомобил на годината.

Loading...

Ова е првпат во историјата електричните автомобили да бидат во апсолутна доминација. Така, Cupra Born, првиот електричен модел на младата шпанска марка, влезе во финалистите. Од истата грижа доаѓа и Škoda Enyaq iV, електричен кросовер кој собра бројни позитивни критики.

 

 

Да продолжиме понатаму, кога станува збор за малку поголемите модели, приказната ја отвора Renault Megane E-Tech, а потоа се близнаците Hyundai Ioniq и Kia EV6. Конечно доаѓаме до Ford Mustang, но изданието Mach-E, што значи дека се работи за електричен кросовер.

Ако мислевте дека нема класици во финалето, се лажевте. За ова се погрижија Peugeot и неговиот компактен 308. Новата генерација пристигна и се покажа како доволно добра за да влезе во финалето.

 

Loading...

 

Прогласувањето на европскиот автомобил во 2022 година е закажано за 28 февруари следната година.