Ова се дел од најзлобните работи што ги создал човекот

Сподели со своите пријатели

Човештвото во последните сто години оствари фасцинантен технолошки напредок, но за жал споредбено со големиот развој, растеше и човековиот потенцијал за самоуништување.

Loading...

По тој повод, екипата на Јутјуб каналот „Top 10 Arhcive“ направила листа на најзлобни работи кои ги измислил човеокт, а во продолжение можете да прочитате за дел од нив.

Сарин

Се смета за оруже за масовно уништување. Забранет е од 1993 година, но се користи и потоа. Овој гас цели на нервниот систем и го доведува до гушење без можност за контрола на градните мускули и белите дробови.

Иперит

Кога видите фотографија од војник од Првата светска војна со гас маска, голема е шансата во близина ад бил користен иперит, односно т.н. „сенф плин“. Војните стратези поддржувале користење на иперит, тврдејќи дека тој ги ублажува реакциите на непријателот, меѓутоа контактот со овој многу опасен плин може да доведе до сериозни изгореници, привремено слепило, силни оштетувања на респираторниот систем, рак и белодромна едема.

Пластика

Иако се чини како прилично обичен материјал, дури безначаен, веќе одамна се покажа колку пластиката е штетна за околината. Годишно само во Велика Британија и САД се врлаат околу 15 милиони тони пластика, а само четвртина од неа се рециклираат. Океаните се загадени со најмалку 160 милиони тони пластика.

Азбестна изолација

Азбест е комбинација од шест силикатни минерали и бил масовно користен како изолација на куќите и зградите кон крајот на 19 век па се до средината на 20 век. присуството на азбест сам по себе не е опасно, но ако се оштети, влакната на азбестот можат да предизвикаат фатални заболувања.

Нагазни мини

Додека во воените времиња се води расправа за тоа колку се корисни мините, проблемот всушност настанува кога војната ќе се заврши, а многу години подоцна некои крајно недолжни луѓе нагазнуваат на заостанатата бомба. Се проценува дека нагазните мини се одговорни за смрт на над четири илјади лица годишно.

Агент Оранга

Се работи за суперотровен хербицид, со кој биле уништувани лисјата во шумите на Виетнам, за да припадниците на Виетконг не би можеле да се сокријат. Последиците на распрашувањето со овој отров се чувствуваат и ден денес, а се проценува дека поради Агент Оранга се родени половина милион деца со инвалидитет.

Loading...

Оловни производи

Оловната боја, оловен бензин, стари играчки за деца, водоводни цевки – сите овие работи имаат нешто заедничко – екстремно се опасни и штетни за околината. Иако е потребно да се биде во допир со екстремно високо ниво на олово за да може да дојде до фатални последици, труењето со олово е доволно лоша работа и може да доведе до халуцинации, губење на слугот, инсомнии, оштетување на бубрезите, делумно слепило и депресија.

Цигари

Сите знаеме дека никотинот и тутунот се природни производи, но на човеокт му текнало дека од нив може да направи мал цилиндричен зивор на тешки болести. И покрај добро познатото лошо влијание врз здравјето, тутунските компании годишно тораш повеќе од осум милијарди долари за рекламирање на своите производи.