Ова не е накит, туку живо суштество (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ларвите од пеперутки се лесен и хранлив плен за предаторите, па затоа еволуирале многу чудни одбранбени механизми од кои еден особено запаѓа за око. Имено, Mechanitis polymnia со потекло од Централна Америка до прашумите на Амазон, во оваа рана фаза од развојот изгледаат како парче накит од најсјајно злато.

Loading...

Овие инсекти по метаморфозата не изгледаат особено интересни, имаат тигреста шара на крилјата со распон од 65 до 75 милиметри. Меѓутоа, пред тоа се вистински украс во шумите и куќите во руралните предели. Со својата тактика, како што велат научниците, не привлекуваат внимание на грабливците туку ги попречуваат и обесхрабруваат нивните обиди да се доближат.

– Нив е всушност тешко да ги забележите во природата, имајќи предвид дека светлината се прелева, вели еден од познатите светски екепсерти за пеперутки. Др Кит Вилмот.

Дали пеперутките навистина живеат само еден ден?

Се смета дека блескавата површина многу добро ги камуфлира ларвите затоа што на сонце можат да изгледаат како капки вода или снопови светлина кои се доближуваат низ лисјата. Исто така, птиците, пајаците и влечугите бегаат од овој одраз, мислејќи дека во прашање е закана.

Наспроти изгледот и митеовите на интернет овие нереални чаури не осдржат метални честици, ниту се користат како валута, туку се состојат од хитин, материјал кој го има и во перките на рибите.

Оваа аза од развојот трае само недела дена по што пеперутките ниту на еден дел од телото не ја задржуваат металик златната боја.

Youtube printscreen/Richard’s Inverts

Loading...

Leave a Reply