Студијата објавена во списанието Sleep покажува дека нарушеното дишење при спиење, како што е апнеја при спиење, може да го забрза стареењето.
‘Рчењето го попречува мирниот сон на домаќинството, но освен што предизвикува непријатна бучава, може да биде и виновник за забрзаното стареење на оние на кои им се случува, покажуваат истражувањата на американските научници.
‘Рчењето е еден од најчестите показатели за здравствени проблеми.
Студијата покажала дека нарушеното дишење при спиење може да го „старее“ телото на човекот за 215 дена.
Истражувачите ја анализирале здравствената состојба на 622 возрасни лица, нивниот сон и метилацијата на ДНК.
Резултатите покажаа дека жените се повеќе склони кон побрзо биолошко стареење од мажите доколку страдаат од нарушено дишење поради спиење.
Сепак, авторите на студијата забележуваат дека во таа смисла, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали третманот на нарушено дишење при спиење може да го намали епигенетски забрзаното стареење.