Хотелот „Ст. Регис“ во Аспен вработи прекрасен бернарско планинско куче по име Кити Џејкоб Астор Втори со што се запиша во историјата како прв луксузен хотел кој меѓу вработените има и животно.
Loading...
Кити ќе има многу работа, па така ќе пречекува гости веќе на аеродромот, ќе присуствува на приредби и настани.
Исто така ќе се мази во лобито со гостите и ќе им носи насмевки на лицата.
Со оглед дека е вистинско планинско куче Кити ќе има и слободно време за ужување во снегот, наведуваат од хотелот.