Ова го можат само старите Цитроени: На три тркала возат 200 км/ч (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите подобри познавачи на автомобилската историја ќе се сетат како Цитроен ја претставил хидропневматска суспензија како дел од премиерата на ДС, која донесе некои придобивки што ги нема во денешните автомобили.

Покрај кралската удобност, ДС можел да се подигне толку многу што тркалото можело да се замени без дигалка. Можело да вози и на три тркала, но само во итен случај и со мала брзина.

Ако премотаме една деценија напред, доаѓаме до модел кој и денес заслужува аплауз. Покрај тоа што е недостижна во однос на динамиката на возење во својата врвна верзија (Актива) дури и денес за повеќето модерни автомобили, Ксантиа може да вози и на три тркала. И тоа доста брзо, за што сведочат овие снимки од Блискиот Исток.

На Јутјуб може да се најдат голем број видеа кои покажуваат дека овие несовесни возачи на Ксантиа постигнале големи брзини. Во еден момент камерата го покажува брзинометарот на возилото од кое е снимен Цитроен и покажува до 200 km/h.

 

https://www.youtube.com/watch?v=O7AijogHtRc&feature=emb_title