Добитничката на неверојатни 758 милиони долари на американската лотарија „Powerball“ е Мејвис Ванчик (53) од Чикопи, Масечусетс, медицински работник и мајка на две деца.
Среќните броеви 6, 7, 16, 23 и 26 и „Powerball“ цифрата 4 се извлечени, а нејзиниот сон конечно станал реалност.
Лотаријата се игра во 44 американски држави, а Мејвис стана најбогатата добитничка во историјата на оваа игра на среќа. Во поголемиот број случаи паричните износи се делеле измеѓу неколку добитници, а ова е прв пат наградата да заминува во рацете на една личност.
Шансите токму ови цифри да бидат извлечени биле 1 спрема 292 милиони.
Броевите беа буквално случајни – рекла Мејвис која за големата добивка дознала на работа.
Кога нејзиниот колега ги читал среќните броеви сфатила дека тоа се оние кои ги заокружила на тикетот.
Работам во Дом за здравје каде им реков дека нема да се вратам повеќе – открива добитничката.
Се уште не одлучила што ќе прави со толку пари, но е сигурна дека нема да се врати на претходната професија.
Продавницата каде бил купен тикетот ќе добие 50.000 долари како награда за продажба на тикетот вреден 758,7 милиони долари, а нејзиниот сопственик парите ќе ги донира во хуманитарни цели.
Loading...