Ова е жената која ја презема титулата „Најстар човек во светот“

Сподели со своите пријатели

Марија Брањас (115), која го преживеа вирусот Ковид-19 пред две години, стана најстарата личност во светот откако калуѓерката Андре (118) почина во сон.

Loading...

Марија е родена во САД во 1907 година, но кога била дете со семејството се преселила во Шпанија, пишува британскиот весник Мирор.

Таа живее во старечки дом, а во интервју за каталонскиот дневен весник La Vanguardia во октомври 2019 година, рече дека до својата 105-та година свирела клавир, читала весник и вежбала секое утро.

 

Во Франција почина најстарата личност на светот

 

Директорката на домот во таа прилика изјави дека е во добра здравствена состојба за своите години, иако во голема мера го изгубила слухот и видот и тешко се движи сама.

Марија се омажила во 1931 година и имала три деца, а открила дека има 11 внуци и 13 правнуци.

Loading...

Најстарата личност на светот, француската калуѓерка Андре, почина неколку недели пред нејзиниот 119 роденден во пензионерски дом во Тулон, објавија светските медиуми, а сега таа титула и ја презема Марија Брањас.