Сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска, во својата прва јавна изјава упатена до глобалната заедница, зборуваше за ужасите на војната, заблагодарувајќи се за поддршката на меѓународната заедница, но и ги повика западните земји да прогласат не- зона на летови над Украина.
Во писмото објавено на официјалната веб-страница на украинскиот претседател, Зеленска ги споменува имињата на некои деца жртви на војната, јавува Би-Би-Си.
„Осумгодишната Алис која загина на улиците на Охтирка додека нејзиниот дедо се обидуваше да ја заштити. Полина од Киев загина во гранатирање со родителите. Шрапнел го погоди 14-годишниот Арсениј во главата и немаше спасување бидејќи брзата помош не пристигнала на време.силни пожари“, наведува првата дама на Украина во тоа писмо.
„Кога Русија вели дека не води војна против цивилите, прво ги именувам овие убиени деца“, напиша таа.
Зеленска се заблагодари за поддршката на меѓународната заедница и соседните земји кои примија бегалци, но ги повтори и повиците на нејзиниот сопруг, претседателот Зеленски, за западните земји да прогласат зона на забранети летови над Украина.
Меѓутоа, НАТО се спротивстави на оваа акција бидејќи тоа би значело воено ангажирање на западните сили во конфликтот со руските авиони.
„Со ова писмо сведочам и му кажувам на светот: војната во Украина не е војна „некаде таму“. Ова е војна во Европа, во близина на границите на ЕУ“, рече таа.
„Ако не го спречиме Путин, кој се заканува дека ќе започне нуклеарна војна, нема да има безбедно место во светот за никој од нас“, заклучува таа во писмото.