Ова е списокот со најсмртоносните авиони во светот

Сподели со своите пријатели

Ќе биде потребно многу време да се открие зошто 737 Макс паднал и притоа загинале сите 157 луѓе кои биле во авионот во моментот на несреќата.

Loading...

Боинг веќе некое време се обидува да избори со проблемот кој го имаат авионите. 737 Макс е нов модел кој лета од 2017 година и досега се случиле две фатални несреќни. Јавноста се уште не е запознаена со причината за падот на авионот.

Две фатални несреќи на самиот почеток на летот на новиот модел не се вообичаена појава, а 737 макс е вториот најголем во модерната ера по Конкорд. 737 Макс досега имал околу 500.000 летови, со две фатални несреќни, а тоа значи дека ќе бидат 4 на милион летови, што е најголема негативна статистика во модерното воздухопловство. Претходната верзија од 737 леталата е 61 милион пати со 0,2 несреќи по милион летови.

За Макс, Боинг стави поголеми мотори кои се поставени близу крилата. Тоа овозможило 14 отсто поголема искористеност на горивото, но и пореметување на центарот за гравитација и карактеристики на летањето.

Новата конфигурација доведува до тоа носот на авионот да биде повисок во некои ситуации, па Боинг дизајнирал компјутерски систем кој треба да го компензира тоа. Кога ќе се вклучи, системот автоматски го повлекува носот надолу.

Две несреќи приморале некои држави да ја спречат употребата на Макс моделите на авиони. Боинг генерално има мног добра статистика кога станува збор за авионските несреќи. Доколку конструкцијата е виновна за несреќите со 737 Макс, инжинерите на Боинг ќе направат се што е во нивна моќ да го поправат.

Leave a Reply