Ова е реакцијата на Путин кога му кажуваат за украинскиот напад во Курск (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Борбите се водат во последните четири дена во областите Сужан и Корењев во областа Курск.

Loading...

„Геолокацираните слики покажуваат дека украинските сили продолжиле брзо да напредуваат во Курската област и наводно се присутни во области оддалечени 35 километри од меѓународната граница со областа Суми“, објави Институтот за проучување на војната (ISW) во својата најнова анализа.

Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руската армија, се чини дека ги игнорирал предупредувањата на разузнавачките служби дека украинските трупи се собираат во близина на границата на регионот Курск, објави Блумберг, цитирајќи извор близок до Кремљ.

Герасимов наводно бил информиран за собирот на Украинците пред две недели. Извори од Кремљ тврдат дека Путин е бесен поради ова.

По упадот Герасимов преку видеоврска ги уверуваше членовите на рускиот Совет за безбедност дека напредувањето на украинските војници кои навлегле длабоко во Курската област е запрено.

Според Герасимов, „непријателските загуби“ изнесуваат 315 лица, уништени се 54 оклопни возила, вклучително и седум тенкови.

Додека Герасимов зборуваше за украинските загуби, камерата го сними лицето на Путин.

 

Loading...