Војвотката од Сасекс Меган Маркл штотуку е прогласена за највлијателна модна икона, прескокнувајќи ги Кајли Џенер и Карди Би, кои беа на врвот на списокот досега.
Исто така е единствената членка на кралското семејство што некогаш се најде меѓу првите десет места на познатата листа на сајтот „Lyst Index“.
Изборот зел предвид колку проценти скокнала продажбата на парчиња облека откако славните жени ги носеле.
Во случајот со сопругата на принцот Хари, тој процент е неверојатни 216!
Минатата година Меган заврши на третото место на списокот, додека нејзината јатрва Кејт Мидлтон не успеа да се пробие во првите десет годинава.
Подготвивме неколку нејзини модни изданија во галеријата. Погледнете и одлучете се сами – дали Меган ја заслужи оваа титула?