Малтешкиот ред или официјално Суверениот Воен Ред на Малта е една од најстарите институции во светот, чија историја се протега повеќе од 900 години.
Иако нема своја територија како класична држава, овој ред сè уште функционира како суверена организација со дипломатски статус во повеќе од 100 земји.
Со седиште во Рим, Малтешкиот ред ги чува своите древни традиции, но и ја следи својата модерна мисија — пружање медицинска и хуманитарна помош низ целиот свет. Се верува дека ги има околу 13.500, распоредени од Европа до Африка и Азија.
Редот поседува свој дипломатски пасош, еден од најретките на светот, кој го признаваат околу две третини од земјите во Шенген зоната. Интригантно е тоа што Малтешкиот ред нема територија, но го има статусот на постојан набљудувач во Обединетите нации, што го прави единствен во својот вид.
Денес, Малтешкиот ред е предводник во хуманитарната и медицинската помош, водејќи болници, клиники и социјални програми во најпогодените делови на светот. Нивните активности опфаќаат грижа за бегалци, поддршка за сиромашните, и пружање здравствени услуги во конфликтни зони.
Членовите на Малтешкиот ред, познати како витези и дамите на редот, се избрани лица кои ја носат тежината на вековните традиции и обврски. Тие потекнуваат од различни земји и култури.
Влезот во редот не е лесен. Секој кандидат мора да покаже непоколеблива лојалност, морална цврстина и активен ангажман во хуманитарни проекти. Многумина од нив се познати личности, професионалци и лидери во своите области, кои работат дискретно, далеку од јавната сцена.

