Според извештајот на аналитичката компанија Omdia, најпродаван телефон во текот на 2021 година не е Ајфон, туку буџетскиот модел на Самсунг.
Самсунг Галакси A12 беше претставен кон крајот на 2020 година и беше на врвот на листата на телефони кои најмногу беа испорачани во текот на 2021 година со повеќе од 50 милиони продадени единици.
Според извештајот на Omdia, Галакси A12 беше испорачан во 51,8 милиони примероци, пред моделот Ајфон 12 кој беше испорачан во 41,7 милиони примероци.
Интересно е што Ајфон 12 е пет пати поскап од моделот Галакси A12, со просечна цена од 851 долар во споредба со 160 долари за телефон Samsung.
На трето место според продажбата е Ајфон 13 (34,9 милиони продадени единици), а потоа следат Ајфон 11 (33,6 милиони) и Xiaomi Redmi 9A (26,8 милиони).
Најскапиот телефон од најпродаваната листа е Ајфон 13 Про Макс , со просечна малопродажна цена од 1.324 долари (седми по испорака), додека најевтин е споменатиот Redmi 9A, со просечна цена од 78 долари.