На интернет се појави нова мапа која покажува кои професии се најпосакувани во различни делови на светот.
Истражувањето на компанијата за финансиски услуги Remitly покажува дека да се биде пилот го зазеде првото место како глобална работа од соништата за 2025 година.
Според истражувањата, фразата „како да се стане пилот“ била пребарувана на Google 432.360 пати во 2024 година, а Египет, Чешка и Словачка предничат по интерес за оваа професија.
На второ место по популарност е правната кариера. Правото е најбараната работа во Франција, Бразил, Кина и Шпанија.
Полициската професија е на третото место, а најголем интерес за оваа кариера покажале Јужна Кореја и Полска.
Во Европа, Италијанците најмногу бараат „како да се стане фитнес тренер“, додека Бугарите претпочитаат кариера како таксисти. Професорите се најбарани во Германија, Белгија и Португалија, додека болничарите се на прво место во Велс. Македонија за жал не е опфатена во истражувањето, но што сметате дека е најпосакувана професија кај нас?