Полначот оставен во штекерот не само што доведува до повисоки сметки за струја, туку е и многу опасен. Трансформаторот ослободува топлина, а зголемувањето на топлината може да доведе до пожар или краток спој во трансформаторот што може да предизвика пожар.
Празнење на батеријата до крај и полнење до 100 проценти
Батериите во мобилниот се направени на база на литиум и работат во циклуси на полнење. Ако ја оставите батеријата бавно да се троши до крај, полека го уништувате вашиот уред.
Исто така, не треба да го полните уредот до 100 проценти, ниту да го оставате телефонот на полнач подолго од тоа. Полнењето до крај всушност го скратува животниот век поради бројот на циклуси на полнење.
Освен тоа, оставањето на телефонот на полнач преку ноќ доведува до повисока сметка за струја, нарушувајќи го циклусот на полнење и прегревање на уредот.
Користење на телефон додека е на полнач
Празнењето на батеријата додека се полни, става голем стрес врз батеријата. Ако треба да направите нешто на телефонот, извадете го од полначот и кога ќе завршите, вратете го на полнење.
Користење на различни полначи
Кога купувате нов мобилен телефон, со него добивате и соодветен полнач. Затоа, секогаш користете го, а не други полначи кои ви се достапни.
Јачината на полнење е различна за секој полнач и мобилен телефон и важно е секогаш да се полни со соодветна јачина. Сепак, секогаш е подобро да користите штекер наместо други уреди, како лаптоп, за полнење.