Ова е најдобриот град за живеење во светот трета година по ред

Сподели со своите пријатели

Веќе трета година по ред, Виена е прогласена за град со најголема можност за живеење во светот според новиот глобален индекс на услови за живот на Economist Intelligence Unit (EIU).

Loading...

Во годишниот извештај беа земени предвид 173 градови низ светот, кои ги оцени врз основа на 30 индикатори организирани во пет категории: стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура.

Виена има просечна оценка од 98,4 од максимум 100, со совршени оценки за стабилност, здравство, образование и инфраструктура и малку пониски во категориите култура и животна средина, „поради недостаток на големи спортски настани“, пренесува CNBC.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армиски офицери и полицаец уапсени во Бразил за обид за убиство на претседателот

На второ место е Копенхаген (98), трет Цирих (97,1).

Западна Европа е регион со најдобра можност за живеење на глобално ниво, со вкупен резултат од 92 од 100, но тоа е намалено од минатата година поради зголемените протести и криминалот што тежат на категоријата стабилност, се вели во извештајот на EIU.

Северна Америка беше втор најдобар регион, со просечна оценка од 90,5 од 100 и највисока оценка за образование.

10 најпогодни за живеење градови во светот, според EIU:

Виена, Австрија

Копенхаген, Данска

Loading...

Цирих, Швајцарија

Мелбурн, Австралија

Калгари, Канада

Женева, Швајцарија

Сиднеј, Австралија

Ванкувер, Канада

Осака, Јапонија

Окленд, Нов Зеланд

Loading...