Ова е моментот кога Иранците разнесоа танкер во Ирак (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави видео од напад врз танкер во ирачки води, во кое, според моменталните информации, најмалку едно лице е убиено, додека бродовите останале во пламен.

Видеото го прикажува моментот на силна експлозија и пожар на море откако бродот бил погоден покрај брегот на Ирак.

Напад врз два танкера во близина на Басра

Според достапните информации, бродови натоварени со експлозив, за кои се сомнева дека му припаѓаат на Иран, нападнале два танкери за гориво во ирачките води на Персискиот Залив.

Бродовите се запалиле по нападот во среда во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп можеби нема да може да ја заврши војната што ја започна со Иран, дури и да сака

Целите биле танкерот „Сафесиа Вишну“ со знаме на Маршалските Острови и бродот „Зефирос“, изјавиле за Ројтерс двајца ирачки пристанишни службеници.

 

 

Еден извор од безбедноста на пристаништето рекол дека „Зефирос“ пловел под знамето на Малта.

Нападот се случил откако претходно ракети погодиле четири други брода во водите на Персискиот Залив.

Еден член на екипажот е убиен

Ирачките спасувачки екипи сè уште ги бараат исчезнатите членови на екипажот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ирански амбасадор: Воените бази во Европа би можеле да станат легитимна цел

„Го извлековме телото на странски член на екипажот од водата“, изјавил еден службеник за безбедност на пристаништето.

Фархан ал-Фартуси, директор на државната Генерална компанија за пристаништа на Ирак, за Ројтерс изјави дека спасувачките екипи успеале да евакуираат голем број луѓе од бродовите.

„Брод на ирачките пристанишни власти спаси 25 членови на екипажот од два танкера, додека пожарите на двата брода сè уште горат“, рече Ал-Фартуси.

Индиски морнар од американски танкер загина

Индиската амбасада во Багдад објави дека во нападот загинал индиски член на екипажот кој работел на танкер во американска сопственост.

Во објава на социјалната мрежа X се вели дека станува збор за танкерот „Сејфси Вишну“, додека преостанатите 15 индиски членови на екипажот се евакуирани на безбедна локација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: „Јас, како 47-ми претседател на САД, ги убивам. Каква голема чест е да го направам тоа“

Амбасадата додаде дека е во постојан контакт со спасените морнари и ирачките власти и им ја обезбедува целата потребна помош.