Ова е листата производи кои од утре ќе се продаваат поевтино

Сподели со своите пријатели

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

Loading...

Согласно одлуката за 10% се намалуваат цените кои што се применувале на 1 август 2023 година во трговија на мало на следните производи:

1)       ориз бел, во пакување од 900 g до 1 кг;

2)       брашно пченично тип 400 и тип 500;

3)       бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

4)       други пекарски производи;

5)       бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни од 300 до 500 гр;

6)       наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 гр;

Loading...

7)       тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 гр;

8)       јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;

9)       свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;

10)     мелено месо свинско и јунешко;

 

 

11)     пиле свежо или замрзнато (цело);

Loading...

12)     пилешки стек свеж или замрзнат;

13)     чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;

14)     пилешка посебна салама  (без слајс пакување);

15)     паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр;

16)     трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,  во пакување од 1 л;

17)     јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%,  во пакување од 1  л и 1,5 л;

18)     кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр;

19)     павлака од кравјо млеко  со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр ;

Loading...

20)     традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);

21)     традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);

22)     свежи јајца од кокошка;

23)     свежо овошје и

24)     свеж зеленчук.

 

Loading...

 

Како што кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, листата на производи во наредниот период најверојатно ќе се проширува, а со моменталната листа, посочи, целокупната инфлација во делот на храната би паднала за 4 до 5 отсто.

“Намалување на цените на овие 25 категории производи нема да има за постојните, туку за цените што ги имале на 1 август годинава. Тие цени од 1 август дополнително треба да бидат намалени за минимум 10 отсто. Доколку од 1 август досега биле драстично зголемени цените за некој од овие производи тоа би можело да значи намалување на цената и за 30 до 40 отсто. Трговците за вршење дејност производство и трговија на големо за овие производи треба да одобруваат рабат и други надоместоци кон трговците на мало во висина до 5 отсто и не повеќе. Трговците на мало за овие производи кога ќе бидат поставени на полиците треба да ги обележат со натписот „гарантирана цена“ што е објавен на веб-страницата на Министерството за економија и веќе е споделен со сите синџири на супермаркети„ кажа министерот Бектеши.

Според одлуката, трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска производите/стоките кои се со намалена цена, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година.

Loading...

Исто така, на предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница , донесе и Одлука за дополнување на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока.

Со Одлуката, им се забранува на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставањето во промет на земјоделски и прехранбени производи. Забраната ќе важи до 30 ноември 2023 година.

Воедно, одлучено е, цените во трговијата на мало коишто се намалуваат поради истекување  на рокот на земјоделските и прехранбените производи, да не се сметаат за акциска продажба (акција).

Овие две одлуки стапуваат на сила сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 ноември 2023 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа.