Ова е Хана, првата ријалити ѕвезда: Живеела без струја, вода и ВЦ, па отишла да ја запознае кралицата (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред 45 години ријалити програмите не постоеле. Просечен Британец не можел да замисли некој да живее на пуст остров, на село, на дрво или без вода за пиење, струја или бања, само една волја, повисока цел да го држи човекот на површина. Во преживувањето.

Една таква жена благо речено аскетски станала првата ријалити ѕвезда на сите времиња – Хана Хоксвел.

Loading...

Хана (91) била жена која живеела во селата на планината Јоркшир, на фарма со крава, нешто кокошки и овци и со само 350 евра годишно.

Толку можела да заработи продавајќи сирење и млеко на соседите одалечени и по неколку километри од неа, а тогаш во 1973. година ја открила една продуцентка, Барбара Твиг.

 

 

– Оваа жена никогаш не вклучила телевизија, никогаш нема влезено во обична бања или вклучено светло во домот. Живее сама во плаините во кои во текот на годината има повеќе снег од сонце. Има 46 години, бела коса која одава впечаток дека е значително постара, раскажувала тогаш Барбара.

Се обидела да ја убеди Хана да сними документарец за неа.

– Не беше гадлива ниту ја отфрли идејата, рекла Барбара која не успеала да ја убеди телевизијата во која работи да снимат филм.

Но, успеала да го убеди Џон Герли, исто така продуцент со три документари за Хана кои во наредните две децении заживеале, како и славата и се што оди со неа.

Поголемиот дел од Британцит ене можеле да замислат дека постои некој кој живее како Хана.

https://youtu.be/_UfG4-b7_Bg

– Дека и денес тој документарец се емитува, би имал еднакво силно влијание врз гледачите. И натаму постојат такви кои би сакале да живеат како Хана, без интернет, телефон и ајподи. Хана била заинтересирана за модерниот живот, но секогаш барала да се врати на фармата. Никој не можел да разбере дека таа не е од Сибир, туку од Англија, и дека со денови, недели не видува луѓе, живее без ништо, а сепак има доволно за себе, рекол Ферли пред неколку години.

Хана на Лоу Брик Хет фармата со семејството се доселиле кога имала 3 години. Прераната смрт на нејзиниот татко влијаела на тоа рано да тргне во извршување на домашните работи, но и активностите на поле.

https://youtu.be/lC5WeuLHUdU

Иако во домот, покрај мајка и и вујкото живееле уште постари од неа, сите починале до нејзината 34. година.

Живеела лошо, но била среќна. Облеката ја перела ретко, кога ќе се спушт до некој од природните извори вода. Храната ја чувала во плстични тегли да не и ја јадат стаорците.

Единствен извор на забава и било свирење стари оргули како и слушање радио на батерии.

– Беше шармантна и убаво знаеше да чита. Иако не се мажела, имаше убаво, пристјоно држање. Не се шминкаше, и беше важно да и биде топло во домот и тоа е се, рекол Ферли.

Откако е снимен документарецот „Предолга зима“, Хана била повикана два пати во Лондон. Вотр пат на познатата „Royal Garden“ забава во Бакингемската палата, во чест на 80. роденден на Кралицата.

Тогаш го запознала и принцот Чарл за кого рекла дека е понизок во однос на тоа како го замислувала. Реакцијата на публиката на документарците за Хана биле феноменални. Испраќале пари, храна, туристите започнале да се шетаат околу нејзината фарма.

https://youtu.be/F4XNv0QGwdA

При вториот престој во Лондон, била сместена во хотелот „Савој“. По излегувањето од него пуштила солза. Како да и било жал што го напушта комфорот, а тогаш се насмевнала кога и ја споменале нејзината фарма.

Хана никогаш не се мажела – имала додворувачи како војникот кој свирел бас во групата, но никогаш не била во врска.

Десетина години по славата и посетата на Кралицата, Хана поради ангина пекторис морала да се пресели десетина километри подолу, во селото Котерстон. Во новата куќа имало струја, топла вода и телефон.

 

Loading...

 

Тогаш е снимен и третиот документарец за Хана, „Премногу зима“, за нејзиното преселување во цивилизацијата и патењето за стариот дом.

Парот кој ја купил фармата на Хара имотот го претворил во пет дневни и три спални соби, со централно греење и сета неопходна тејника.

Куќата на Хана во 2016. година ја продале за дури 600.000 долари.

Хана со предоуцентот на новиот серијал „Хана Хоксвел: Невино патување“ го започнала патот во Европа, а подоцна и Америка.

Издала дури 6 книги и никогаш повеќе не се вратила на фармата, дури ниту од заинтересираност.

Последните шест години од животот ги минала во старачки дом секојдневно размислувајќи за животот на својата фарма.

https://youtu.be/IXMQUFpyhCE

Leave a Reply