Ова е единствената земја чија помош Турција ја одби

Сподели со своите пријатели

Кипарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција „учтиво ја одбила“ понудаta за спасувачки тим кој ќе помогне во напорите за пребарување, и покрај тоа што првично прифатила помош.

Loading...

Кипарски тим од 15 спасувачи, лекари и болничари беше во подготвеност од средата.

Кипарското министерство објави дека понудата, иако е одбиена, сè уште стои и изрази благодарност до „професионалните спасувачи кои се подготвени да спасат животи насекаде“.

Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јуни 1974 година, пет дена по државен удар на Кипар извршен од тогашната владејачка воена хунта во Грција, во кој на власт дојдоа поборниците за обединување на Кипар и Грција.

Турција е единствената земја која ја признава Турската Република Северен Кипар.

Проблемот со статусот на оваа територија е камен на сопнување за ЕУ, Грција и Кипар од една и Турција од друга страна.