Ова е еден од најопасните острови во светот: Пристапот на луѓето е строго забранет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кристално чистата вода, бујните дождовни шуми и оддалеченоста на островот Кеимада Гранде, веднаш до брегот на Сао Паоло, на прв поглед изгледаат привлечно.

 

 

Сепак, само мал број војници и научници добиваат дозвола секоја година да го посетат најсмртоносниот остров во светот, кој е забранет од 1920-тите.

Релативно малиот остров, долг 1,5 км и широк само 500 метри, е дом на смртоносни змии – златна копјеста отровница – една од најопасните во светот. Познат како „Остров на змиите“, овој мал остров се смета за најопасното место на планетата токму поради овој вид што живее исклучиво таму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е моментално најголемата змија во светот! Долга 7,6 метри и тешка 158 килограми (ВИДЕО)

Отровот на златната копјеста змија е пет пати посилен од оние на нивните копнени роднини и можат да убијат човек за помалку од еден час. Нивниот отров предизвикува низа морничави симптоми, од откажување на бубрезите до внатрешно крварење и распаѓање на ткивата. Во некои случаи, буквално може да го стопи човечкото месо.

Само неколку научници кои ги проучуваат овие змии имаат дозвола да го посетуваат островот секоја година, како и повремено на бразилската морнарица, која се грижи за независен светилник изграден во 1909 година.