Ова е човекот кој уби туристка во Будимпешта, деловите од телото ги сокрил во куфер

Сподели со своите пријатели

Американката Мекензи Михалска (31) е брутално убиена во Будимпешта, а нејзиниот убиец, маж од Ирска, набрзо по злосторството е уапсен и е во притвор во Унгарија.

Loading...

Убиецот го спакувал нејзиното тело во куфер и го фрлил покрај езерото Балатон.

Неофицијално, за смртта на младата девојка индиректно се обвинува нејзиното поранешно момче, кое не отпатувало со неа од Портланд за Унгарија затоа што првичната расправија решиле да останат во САД.

За тоа време, Мекензи отпатувала во Европа со пријателка.

 

 

Патувањето го започнале во ноември, а младата девојка поради околности завршила во Унгарија кај пријатели.

Loading...

Една вечер излегла во клуб во Будимпешта, каде запознала Ирец (37), со кој го напуштила објектот.

Според медиумите, мажот ја силувал Мекензи, ја убил и ѝ ги спакувал деловите во плакар, а потоа и во багажникот на автомобил.

На крајот, тој спакувал се во куфер и го оставил покрај езерото Балатон.

Нејзиното тело било пронајдено неколку дена подоцна на брегот на езерото Балатон, на 140 километри од главниот град.

 

 

Семејството последен пат разговарало со Мекензи на 5-ти ноември и оттогаш нема слушнато со неа.

Loading...

Два дена подоцна, на 7 ноември, нејзиното безживотно тело беше пронајдено во близина на езеро во шумска област.

Да потсетиме, мажот рекол дека на 7 ноември заедно отишле во хотелската соба каде што требало да ја убие. Тој го признал делото, но инсистирал дека се работи за несреќен случај.

Неколку минути по убиството почнал да размислува како да го отстрани телото.

Прво ја исчистил собата, а потоа го напикал телото во плакар додека отишол во градот да купи куфер во кој подоцна го наполнил телото и го однел надвор од Будимпешта.