Ова е човекот кој по 15 години во трка победи коњ

Сподели со своите пријатели

Британскиот маратонец Рики Вилијам Лајтфут стана првиот човек по 15 години кој победил на познатата маратонска трка „Човек против коњ“.

Loading...

„Човекот против коњ“ е традиционална трка која се одржува секоја година од 1980 година. Ова беше само трет пат човекот да биде побрз од животно. Трката е долга 36 километри и традиционално се одржува во велшкиот град Ланвртид секој јуни.

 

 

На трката присуствуваа 1.000 тркачи и 50 коњи, а на крајот триумфираше Рики Лајтфут кој заработи 3.500 фунти.

Го совлада најбрзиот коњ, оставајќи му малку поголема разлика од две минути. Директорот на трката Мајк Томас рече дека Лајтфут победил без никакви проблеми.

Инаку, Рики Лајтфут е професионален тркач кој се натпреварува за клубот Камбриа Еленборо.

Loading...

Така, на вчерашната трка, по трет пат, човекот беше побрз од животно од создавањето на оваа традиционална манифестација за британскиот спорт, и тоа за прв пат во последните 15 години.

Во текот на 42 години на оваа трка, само во 2004 и 2007 година се случи човек да биде побрз од коњ. Интересно е и како се одредува наградниот фонд за овој натпревар.

Започнува од 500 фунти и се зголемува секоја година кога се одржува настанот, додека човекот не биде побрз од животно на долг маратон.