Ова е цената по која ќе се продаваат горивата неделава

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат оваа недела.

Loading...

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Leave a Reply