Ова денеска е најзагадената престолнина во светот

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Виетнам Ханој денеска е прогласен за најзагаден град во светот, откако измери 266 микрограми опасни честички, познати како ПМ2,5, на метар кубен.

Loading...

Ханој во изминатите неколку недели е покриен со густ смог, што е резултат на големиот обем возила, горењето ѓубре и индустриската активност, пренесува Ројтерс.

Вицепремиерот Тран Хонг Ха повика во четвртокот на забрзана транзиција кон електрични возила (ЕВ) како дел од напорите за намалување на загадувањето, објавија државните медиуми.

Целта на виетнамската влада е најмалку 50 отсто од автобусите, како и сите такси возила, да бидат електрични до 2030 година.

Мештаните велат дека загадувањето влијае на нивното здравје и дека сметаат дека состојбата со загадувањето во последно време е влошена.

Оваа југоисточна азиска земја, регионален индустриски центар со една од најбрзо растечките економии во Азија, со години известува за сериозно загадување на воздухот во поголемите градови, особено во Ханој.