Министерството за внатрешни работи на самопрогласената Република Придњестровје денеска соопшти дека од територијата на Украина било пукано врз магацини за оружје во близина на селото Колбасна на нејзина територија.
Лондон: Украина има контрола над поголемиот дел од нејзиниот воздушен простор
„Утрото на 27 април во 8:45 часот по локално време беше отворен оган од украинска страна во правец на станбената зона Колбасна“, соопшти Министерството на својот канал Телеграм, пренесува Танјуг.
Во соопштението се наведува дека синоќа над селото Колбасна во областа Рибница биле забележани неколку дронови, а од Украина биле лансирани беспилотни летала на територијата на Придњестровје.

