Отворено 24. издание на „Денови на комедија“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер беше свечено отворено 24. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Годинава кумановци ќе имаат можност да погледнат девет претстави од театрите низ Македонија и регионот.

– Како и минатата година и оваа имавме голем предизвик како и дали да го организираме овој фестивал, меѓутоа сепак традицијата нема и не смее да се прекине. Еве сега сме тука на почетокот на 24-от фестивал „Денови на комедија“, очекуваме дека се ќе помине во најдобар ред, имаме одличен избор на театарски претстави така да сигурни сме, убедени сме дека овој бренд на Куманово ќе живее оваа година и во годините што следат, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

 

 

Интересот и оваа година е огромен, но според епидемиолошките мерки дозволена е само 30 отсто исполнетост на салата. Билетите за првите четири претстави се веќе распродадени, а за следните ќе бидат пуштени на 1ви октомври.

За прв пат годинава фестивалот имаше можност да го погледне, но и отвори министерката за култура Ирена Стефовска. Како што вели слушнала многу убави работи за овој фестивал и е еден од најдобрите.

Loading...

– Не само што е еден од најдобрите, туку по мое лично мислење е примерен за овој град, градот на Батко Ѓорѓија кај што има и споменик за мајтапењето и хуморот. Центарот за култура програмските активности ги реализира согласно понудената програма, буџетирањето, но имаме уште работа која мора да се заврши и среди, затоплувањето и на овој центар, но и на другите, бидејќи е голем проблем од октомври до април центрите за култура заради греењето многу тешко функционираат, изјави Стефоска.

 

 

Финансиската поддршка од страна на Министерството за култура за овој фестивал, потенцираше Стефоска, ќе продолжи и понатаму.

На вчерашното отворање на фестивалот по трет пат беше доделена наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во развој на театарската уметност во Куманово и Македонија. Годинава признанието замина во рацете на актерката Стојна Костовска која голем дел од својот работен век го минала и во Куманово, од каде влече и свои животни корени.

– Многу се радувам на наградата, особено што Васил Иљоски, сите претстави што биле претставени на театарот кај мене во МНТ, јас сум играла. Најдрага улога ми е Стојанка од Чорбаџи Теодос, да се игра со еден Петре Прличко не е мала работа, со Мери Бошкова, изјави таа.

 

Loading...

 

Со своите четириесет години дел од театарската уметност, Костовска упати порака и до оние кои допрва навлегуваат во овие води и вели дека завршувањето на Академијата не е пресудно за успешна кариера.

– Прво да ја сакаат професијата, да бидат педантни, послушни, да знаат што сакаат, не може секој да биде артист, може секој да заврши академија. Јас 41 година сум артистка и сега пред четири месеци заминав во пензија, изјави таа.

Честа да ја отвори овој фестивал го имаше Драмски театар Скопје со претставата „Партија реми“.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...