Отворена прва виртуелна амбасада во Метаверзумот

Сподели со своите пријатели

Малиот карипски остров Барбадос го прошири својот дипломатски дофат на виртуелниот свет, откако беше првата суверена земја во светот што потпиша договор за дигитална амбасада со платформа базирана на блокчеј договор.

Loading...

Владата на Барбадос во неделата официјално потпиша договор за основање виртуелна амбасада во Децентраланд, дигитална средина базирана на Ethereum, објави CoinDesk, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на таа земја.

Островот не планира да застане таму со својата дигитална експанзија и работи на детали за слични договори со голем број други платформи за виртуелна реалност, вклучувајќи ги Somnium Space и SuperWorld, соопшти Министерството.

Кога претставниците на Барбадос првпат ја одобрија амбасадата во метаверзумот во август, владата го опиша проектот како форма на „технолошка дипломатија“, велејќи дека може да ја отвори вратата за понатамошна културна размена со другите народи.

Отворањето на амбасадата, кое е планирано за јануари, ќе го направи Барбадос првата земја во светот што ќе ја признае „дигиталната суверена територија“, пренесува Раша Тудеј.

Иако оваа иницијатива е сè уште во рана фаза и донекаде експериментална, таа ги следи другите потези на оваа земја во сајбер – империјата во последниве години, вклучувајќи го и создавањето на електронскиот барбадоски долар 2016 година.

Концептот беше предводен од актуелниот амбасадор на Барбадос во Обединетите Арапски Емиратите Габриел Абед, кој исто така ги води напорите за воспоставување на метаверзум на амбасадата.

– Амбасадите се почетна точка за добивање виза за влез во земја или за патување без визи. Можете ли да замислите како тоа би изгледало виртуелно? А каде може да те однесе таа е – виза? – рече Абед во интервју за CoinDesk.

Loading...