Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер беше отворена изложбата на слики со наслов „Шарени вибрации – Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“ од авторката Андријана Мациев.

Станува збор за дваесеттина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно и претставуваат дел од нејзината најнова продукција.
Андријана Мациев е родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов.

Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија и Здружението Широка Стаза од Земун. Добитник е на многубројни награди и признанија како на домашно, така и на интернационално ниво.

Изложува самостојно (30 тина изложби) и учествува на повеќе од 100 тина групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.

Има учествувано на ликовни перформанси во склоп на културните денови во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка и др.





фото: Никола Ивановски

