Отворена изложбата „Мини уметници“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Уметничката галерија во Куманово вчеравечер беше одржана изложба на Детска школа за ликовна уметност „Мини уметници“.

Loading...

 

 

Часовите по креативно цртање беа организирани од младиот академски уметник по графика Дарко Петковски во Училиште за странски јазици ,,Селект”.

 

 

Loading...

Програмата беше наменета за деца од 6 до 10 години и опфаќаше разновидни техники и теми прилагодени за нивната возраст, кои разбудија голем интерес и креативност кај децата, а воедно и родителите изразија големо задоволство поради оваа прилика нивните деца да се едуцираат и да создаваат на еден поинаков неформален начин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

 

 

Ликовната уметност, заедно со музиката и спортот според многу истакнати педагози се најпотребни вештини и активности за правилен духовен, интелектуален и физички развој, а посебно кога тоа е слободен и личен избор на детето. Вакви часови се нешто ново кај нас и разбудија интерес и желба и кај децата и кај родителите за следната школска годинa, вели уметникот Петковски.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...